2win800x200

Коњановски изрази сочуство за израелски колега Офир Либштајн

Октомври 08, 2023
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски изрази сочувство до семејството на неговиот израелски колега Офир Либштајн, градоначалник на општина во Израел.
 
Во обид да го заштити својот народ, денес загина, мојот драг колега и соработник, Офир Либштајн, градоначалникот на израелската општина, Шаар Ханегев. Изразувам длабоко сочувство до неговото семејство, жителите на општината со која раководеше, како и до македонските Евреи и малите еврејски заедници во Европа, за кои во своето делување покажуваше голема поддршка.
Неговиот спомен ќе остане зачуван и во нашиот град и со последната конференција која ја организираше на 80 годишнината од депортацијата на македонските Евреи, во март годинава, насловена „од Естер до Естер, за храброста на жените“, каде разговаравме и за идни заеднички активности, посветени на битолските Евреи.
Со своето лидерство, се залагаше и веруваше во мирниот начин на постигнување соживот и меѓусебна соработка меѓу народите.
За жал, загубивме голем човек. Ова е голема загуба за Израел и македонските Евреи.
Нека му е вeчна славата!, напиша Коњановски.
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани