2win800x200

Очекувам широка политичка поддршка за велопатеките - Коњановски го впери прстот кон министерката за култура и директорката на Музејот

Октомври 19, 2023

Градоначалникот Тони Коњановски на вечерашното свечено промовирање на обновеното Пацио во Завод и музеј Битола одржа впечатлив говор и на изнандување на присутните  направи паралела дека со истиот европски проект се реновира Пациото, а се кочи изградбата на велопатеките во градот. Коњановски пред евроамбасадорот Дејвид Гир  прстот го впери во министерската за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и во директорката на Музејот Мери Стојанова,нагласувајќи дека Општината даде поддршка за обнова на Пациото, па следствено на тоа  очекува изградбата на велопатеките да се случи „доколку се надминат политичките интереси и политичарите го слушнат гласот на граѓаните, на битолчани, за што очекувам широка поддршка од сите фактори кои се залагаат за промовирање на европските вредности на Република Македонија“, рече тој

-Оваа реконструкција немаше да биде возможна, доколку не беше поддршката и вклученоста на Општина Битола, како водечки партнер во овој проект, за што очекував благодарност од страна на министерката за култура и особено од директорката на Музејот.

И овој реконструиран прекрасен простор, го потврдува епитетот: Битола град на културата. Токму затоа, како локална самоуправа влеговме партнерски во овој проект и ги поддржавме активностите на НУ Завод и музеј. Првата моја средба во кабинетот ја имав токму со директорката, силно верувајќи дека и реализацијата на општинските активности за изградба на велосипедски патеки, ќе ја доживеат светлината на денот и Битола ќе продолжи да напредува преку функционални, рекреативни простори на радост, пред се на жителите на овој град“, рече Коњановски на свеченоста.

Проектот Smart4you2 е уште една потврда за нашата посветеност, но и добрата соработка која ја има воспоставено Битола со Делегацијата на Европската унија, што претставува голема можност, за напредок и развој на градот, се обрати Коњановски пред присутните дипломати и отворено  потенцираше дека ако не се изградат велопатеките, сите институции инволвирани во проектот, а не само општина Битола ќе бидат соочени со финансиска загуба.

-Се уште верувам дека, секој кој е битолчанец, ќе го надмине политичкиот интерес и ќе дозволи проектот Smart4you2 да биде пример на успешност во однос на реконструкцијата на Пациото, изложбениот простор, долго посакуваните велосипедски патеки. На сите нас останува, да покажеме колку ја сакаме Битола, колку многу можеме да направиме за неа, дали и колку ќе ја оправдаме европската поддршка за која ни се отворени вратите. Само со доследност, сериозност и успешност, можеме да покажеме достојност за дадената доверба од ЕУ. Секое поинакво делување, носи огромна финансиска загуба за сите институции кои добиле можност од ЕУ, но пред се загуба за Битола“, рече градоначланикот пред присутните. 

Коњановски ги потсети присутните политичари на свеченоста,  на 30 септември  2021, кога од Пациото на  дебата насловена „Битола Вело – град во еден мандат“,  сите учесници од сите политички партии и независни групи се обврзаа пред гласачите од Битола дека градот  во периодот од 2021 до 2025 конечно ќе добие велопатеки. 

Евроамбасадорот Дејвид Гир вечерва не одговори на прашањата на новинарите дали има последна шанса да се реализира проектот  за изградба на 5,3 километри велопатеки на булеварите „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“. 

А. Блажевска 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани