2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со концерт во Битола, Билјана Дамјановска и Сефедин Бајрамов ќе одбележат половина век музичко творештво

Октомври 19, 2023

Битолската поп дива Билјана Дамјановска и мајсторот на шлагери Сефедин Бајрамов ќе одбележат 50 години музичко творештво со голем концерт, што ќе се одржи на 26 октомври во Центарот за култура во Битола, со почеток во 20 часот. Нивните хитови останаа да се пеат до денес. Детскиот евергрин „Еј, гулаби, гулаби бели“, испеан од Дамјановска на фестивалот Златно славејче, годинава полни 51 година, а и понатаму е еден од најпознатите детски хитови. „Охридските спомени“ на Бајрамов, испеана во 1970-ите на Скопскиот фестивал, се пее и денес. На концертот, тие ќе испеат по осум свои песни и еден дует, „Родителска љубов“, посветена на нивните починати родители.

На прес-конференцијата на која го најавија концертот, пејачите се осврнаа на тоа колку беше тешко да се изгради кариера во град надвор од Скопје, но напоменаа дека во тоа време многу се ценеле гласовните способности.

„Ние сме битолчани и останавме овде. Почнав да пеам како дете. Детскиот евергрин ‘Еј, гулаби бели’ се испеа пред 51 година. Во три часот ноќе го фаќав возот за да стигнам на снимање во студио во Скопје. Ние не им бевме на видик на композиторите и телевизијата. Тие години се броеја на двете раце пејачите на забавни мелодии во Македонија. Сега ги има многу, убаво е што има многу, од тој квантитет ќе излегува и некој квалитет. Но, нашиот пат не може да се спореди со ова што се случува денес. Гласовните можности беа прва работа кога ние почнавме“, рече Дамјановска, која посочи дека во поранешна Југославија имала привилегија да пее и во Сава центар во Белградкако и на фестивалите во Опатија, Загреб, Суботица и други места.

Сефедин направи споредба на патот до успехот во нивно време и оној на сегашните пејачивелејќи дека младите пејачи денес се препуштени сами на себе.

„Многу ми е жал за генерацијата млади пејачи. Ние имавме среќа што во тоа време Македонската радио-телевизија имаше богата продукција и во закрила ги земаше најталентираните. Влегувањето во националната куќа беше од големо значење. Веднаш се отвораше можност за соработка со оркестри и за учества во емисии. Тоа беше едно сито за понатаму. Денес голем дел од младите пејачи се препуштени сами на себе. Жално е тие пејачи да немаат патека. Во 1970-ите сум спиел на станица само за да го гледам Скопскиот фестивал“, раскажа Бајрамов.

Директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска-Илијевски, рече дека музичкото творештво на овие еминентни естрадни уметници е постаро дури и од објектот каде ќе настапуваат.

„Додека сум директорка на Центарот, неговите врати секогаш ќе бидат отворени за битолските уметници кои ги немаат привилегиите што ги нуди Скопје, од студија за снимање, емисии, кастинзи и слично“, нагласи таа. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани