Највисока вредност на ИОО за 2022 година има Битола 77.8, според анализите на Здружението за истражување и анализи „ЗМАИ“, кое трета година по ред го прикажува Индексот на отворени општини во Република Македонија.
Индексот претставува сеопфатен индикатор кој го следи и оценува процесот на буџетирање на една општина за една фискална година во скала од 0 до 100.
За
подетално да се разграничат општините, тие се класифицирани во 5 категории: општини со сеопфатна отвореност на буџетскиот процес (ИОО меѓу 81 и 100), задоволителна отвореност на буџетскиот процес (ИОО меѓу 61 и 80), доволна отвореност на буџетскиот процес (ИОО меѓу 41 и 60), минимална отвореност на буџетскиот процес ((ИОО меѓу 21 и 40) и недоволна отвореност на буџетскиот процес (ИОО меѓу 0 и 20).