АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Мејлот на претседателката на Советот Габриела Илиевска не бил хакиран, туку градоначалникот Тони Коњановски лично го добил од Европската делегација на негово барање, велат од Општина Битола откако Илиевска се пожали дека некој извршил упад во нејзината електронската пошта.
Писмото што го објави Апла.мк од Европската делегација е изпратено до градоначланикот Коњановски.
За потврда на кажаното од општина Битола ни испратија доказ од електронската кореспонденција со Делегацијата.
Од општина Битола велат дека претседателката воопшто да не се сомнева оти ниту службеници од Општина Битола, ниту надворешни лица не го злоупотребиле нејзиниот службен мејл.
Во прилог скриншот од оригиналната преписка на градоначалникот со Делегацијата