2win800x200

НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ ВО ЦЕНТАР ЗА КУЛТУРА БИТОЛА

Ноември 09, 2023

На 09.11.2023 и 10.11.2023 год. со почеток во 20:00 ч. во малата сала на НУ Центар за култура ќе се одржат проекции во рамките на „Недела на јапонски филм“

Филмската ревија во Битола ќе ја отвори Амбасадорот на Јапонија Н.Е. Оцука Казуја.

Во рамките на Неделата на јапонски филм во Центар за култура Битола ќе бидат прикажани филмовите Барем љубов и Долгото збогување.

09.11.2023 (четврток), 20:00

мала сала, влез слободен.

БАРЕМ ЉУБОВ (Ikiterudakede Ai/ Love at Least)

Игран филм, Јапонија 

2018, 109 мин., колор, ДЦП 

Режија: Косаи Секине (Kosai Sekine) 

Сценарио: Јукико Мотоја, Косаи Секине  (Yukiko Motoya, Kosai Sekine)

Улоги: Шури, Масаки Суда, Рииса Нака (Shuri, Masaki Suda, Riisa Naka)

Сите имаме денови кога дури и станувањето од кревет ни е тешко. Но, за Јасуко, секој ден е предизвик. Таа има Хикикомори синдром (екстремен облик на социјална фобија од која страдаат милиони млади Јапонци) проследен со хиперсомнија. Поради нејзината ментална состојба,  едноставните работи како секојдневните домашните обврски и одењето на работа изгледаат невозможни. Таа живее со нејзиното момче Цунаги, кој работи во редакција во едно списание.  Нејзината фрустрација расте, бидејќи таа не може да ги контролира емоциите а нејзиното момче Цунаги делува рамнодушно кон неа. Еден ден се појавува поранешната девојка на Цунаги, Андо која има намера да ја раскине врската на Јасуко.

10.11.2023 (петок), 20:00

мала сала, влез слободен.

ДОЛГОТО ЗБОГУВАЊЕ (Nagai owakare/A Long Goodbye)

Игран филм, Јапонија 

2018, 109 мин., колор, ДЦП 

Режија: Рјота Накано (Ryota Nakano) 

Сценарио: Рјота Накано, Тошиа Оно (Ryota Nakano, Toshiya Ono)

Ју Аои, Јуко Такеучи, Чиеко Мацубара, Цутому Јамазаки (Yu Aoi, Yuko Takeuchi, Chieko Matsubara, Tsutomu Yamazaki)

Седумдесетгодишен пензиониран директор на училиште гo известува своето семејство (сопругата и двете ќерки) дека има Алцхајмерова болест. Трите се загрижени и секоја различно реагира на новонастанатата ситуација додека неговата болест напредува.  

ДОЛГОТО ЗБОГУВАЊЕ  е адаптација на истоимениот роман на Кјоко Накаџима (Kyoko Nakajima) и ја прикажува секоја фаза од болеста на неговиот херој, од почеток до крај. Во филмот е претставена драмата на индивидуалните предизвици на членовите на семејството, како и нивните жртви додека тие се справуваат со болеста на нивниот сопруг и татко. Тие се сведоци на неговото пропаѓање. Тој поради болеста почнува да ја губи меморијата. Но, сфаќаат дека има некои работи од неговиот живот што тој никогаш нема да ги заборави

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани