АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
90 контролирани угостителски објекти на подрачјето на Битола во првите 10 месеци од годинава, 72 малолетници под дејство на алкохол На подрачјето на Битола во периодот од 01.01-31.10.2023 година од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола реализирани биле 33 акциски контроли при што, контролирани биле 90 угостителски објекти. При вршењето на контролите било извршено легитимирање на 221 лице, пронајдени биле 141 малолетници. Констатирани биле 4 кривични дела по член 204 од КЗ „Точење алкохол на малолетници“ каде при алкотестирање кај 72 малолетници било констатирано присуство на алкохол. Исто така, констатирани биле 8 прекршоци од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир по член 8 „Нарушен ЈРМ со гласна музика или врева“ и 15 прекршоци по член 21 „Овозможување присуство на деца во угостителски објекти по 24 часот“.