ОРГАНИЗИРАНА ТУРИСТИЧКА ПОНУДА НА БИТОЛА НИЗ „ЗИМСКА ПРИКАЗНА“-ИНИЦИЈАТИВИ НА ЛЕСС ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА МОЖНОСТИТЕ ЗА ИНВЕСТИЦИИ

Ноември 21, 2023
Локалниот економско социјален совет, денес ја одржа четвртата седница, на која беа продолжени мандатите на претседавачот Гордана Балтовска, како претставник од Организација на работодавачи и заменик претседавачот Борче Димитровски, како претставник на Општина Битола. Добиената доверба е резултат на досегашните реализирани активности меѓу кои посебно беа потенцирани успешно изготвената Стратегија за локален економски развој и вмрежувањето при организацијата на Отворените денови на Универзитетот „Свети Климент Охридски“. Од страна на присутните, едногласно беше констатирано дека стратешките документи се неопходни за развој на градот и треба да значат континуитет кој ќе води напред во иднината и континуирано ќе се надградува.
Можно е да е слика од 10 луѓе, луѓе студираат и текст
На денешната седница, на иницијатива на Младинскиот културен центар во координација со ЛЕСС Битола, беше договорена организација на јавна дискусија на почетокот на декември, со која ќе се отворат прашањата за подобрување на условите во индустриските зони во Битола, како и можностите за отворање на нови работни места.
Локалниот економско социјален совет, едногласно донесе заклучок, дека Битола, во текот на целата година треба да се насочи кон промоција на своите вредности и истите да ги стави во функција на развој на туризмот. Конкретно, ЛЕСС иницираше предлог до општинските одделенија и Советот на општината, преку Програмата за туризам да се овозможи креирање на oрганизирана туристичка понуда низ Зимска приказна и поврзување со туристичките оператори, што ќе овозможи дисперзираност на настани на различни локации во зимскиот период, а со тоа и понуда за битолчани да останат во својот град, кој ќе биде атракција и за посетители од другите градови и соседните држави, што е од особено значење како од туристички, така и од економски аспект. Ваквите настани, покрај со поддршка од општината, би се организирале и во партнерство со бизнис секторот, занаетчиската и стопанската комора од градот, а по примерот на многу европски градови, би овозможиле не само традиционален дочек на Новата година, туку повеќедневна тематски организирана туристичка понуда.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани