Албанскиот претседател во Битола

Ноември 21, 2023

Албанскиот претседател Бајрам Бегај при посетата на Битола по повод 115 годишнината од унифицирањето на албанската азбука рече дека е оптимист за евроинтеграцијата на двете држави, Македонија и Албанија, и покрај грчката најава за вето на нивната држава и бугарското вето за Македонија. 

 ,,По природа сум оптимист и треба да гледаме оптимистички. Како што пред 115 години нашите преродбеници биле оптимисти, така и ние треба да бидеме. Го посакувам најдоброто за нашите два народа во еден најкраток можен пат кон ЕУ и едно поубаво утре за нашите деца со просперитет и мир во регионот", рече Бегај. 

Тој изрази благодарност до властите што Денот на албанската азбука 22 Ноември е прогласен  за национален празник што покажува за добрите меѓусоседски односи  и дека соседите треба да се почитуваат меѓусебе и симболите на народите. 

Конзулот на Албанија во Македонија Имет Селмани рече дека треба не само од симболичен аспект, туку од суштински да станеме Европјани  и да ги воведеме европските стандарди. 

,,Идејата е не само во ноември туку и во текотна цела година Битола да биде дестинација на туризмот каде од Косово, Албанија, Прешево, Црна Гора и секаде каде живеат Албанци да дојдат тука да го посетат градот, во еден космополитски градот да го почувствуваат духот на минатото , но и толеранцијата и соживотот на денешницата", рече Селмани. 

бајрам2

bed7d99f 1757 4c03 8bb6 ed716ddead8f

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани