2win800x200

Расветлени два случаи за „примање поткуп“ во Битола, резултати на кримполицијата во економскиот криминал

Ноември 23, 2023

Како резултат на работата на терен од страна на криминалистичката полиција на СВР Битола, во поглед на вкупниот криминалитет, констатирана е поволна состојба во делот на вкупни кривични дела на подрачјето на Битола, односно зголемена реализација во однос на минатата година.
Зголемената ефикасност на работењето на криминалистичката полицијата на СВР Битола во Битола за овие 10 месеци  резултира со зголемена реализација во борбата против криминалот.
Во делот на кривичните дела од економски криминал, бројот на поднесени кривични пријави од економски криминал бележи зголемување во ефикасноста на расветлување и поднесување на пријави за 50 % споредбено со минатата 2022 година, односно за 10 месеци од 2023 година во крим полицијата на СВР Битола биле пријавени вкупно 76 кривични за кои се поднесени 45 кривични пријави против 52 сторители.
Како карактеристично дело во Битола ќе го издвоиме „примање поткуп“, а за 10 месеци пријавени се две кривични дела, при што истите се експресно реализирани од страна на криминалистичката полиција и поднесени се две кривични пријави против двајца сторители.
Во поглед на нелегалната сеча и транспорт на дрвна маса, на подрачјето на СВР Битола, извршени се вкупно 211 акциски контроли и 4333 редовни контроли, при што одземени биле 132,94 м3 дрва. Поднесени се 8 кривични пријави за сторени 10 кривични дела по чл.235 ст.3, чл.353 и чл.284-а од КЗ, против 9 сторители.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани