Тимот ученици Андреа Нешковска, Даниел Христовски, Ивано Божиновски, Андреј Доневски, Елена Јовановиќ и Мила Порјозоска, ќе ја претставуваат Македонија на 20-та Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2023), која ќе се одржи во Бангкок (Тајланд). Спремни се да си ги одмерат силите со тимовите од други држави во областа на природните науки во периодот од 1 до 10 декември, објави Македонското биолошко друштво.








