-Затоа, апелираме до граѓаните да ги почитуваат законските прописи и да соработуваат со полицијата доколку забележат лица кои продаваат пиротехнички средства и да ги пријават на полициски службеници лично или преку телефонските броеви 112 и 192. Упатуваме апел особено до малолетниците да не употребуваат петарди, бидејќи тие претставуваат опасност за нивното здравје.
Како и секоја година, така и оваа, во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Битола спроведува интензивни кампањи, се изработуваат летоци и плакати, рекламни материјали, одржува различни предавања со целни групи преку кои укажуваат на можните последици од употребата на пиротехничките средства. Полициските станици, пак, со спроведување на акциски контроли и проверки работат на откривање и санкционирање на лицата кои вршат нелегална продажба на пиротехнички средства., предупредуваат од СВР Битола