2win800x200

За период од една недела - лишени од слобода 10 лица за дрога на подрачјето на СВР Битола

Декември 19, 2023

За само една недела на подрачјето на СВР Битола поради сомнение за кривично дело по чл.215 од КЗ лишени од слобода биле 10 лица од Битола, Прилеп и Ресен при што кај истите била пронајдена дрога, потврди за Апла.мк Сања Стаматова портпарол на СВР Битола 

 

Полициските службеници од СВР Битола на подрачјето на Битола, Прилеп и Ресен за само една недела лишиле од слобода 10 лица кај кои при преглед е пронајдена и одземна најразлична дрога и психотропни супстанции при што на истите им биле поднесени кривични пријави и тоа : На 19.12.2023 во 02.50 часот, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп на ул„булевар Гоце Делчев“ во Прилеп го лишиле од слобода Д.Р.(19) од Прилеп при што му одзеле едно паковање со марихуана. По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. На 17.12.2023 во 01.05 часот на ул.„Индустриска" во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода М.В.(32) и М.К.(32), двете од Битола. При преглед во патничко возило „алфа ромео“, во кое биле, биле пронајдени предмети со остатоци од прашкаста материја, додека во близина на возилото биле пронајдени неколку пакувања со прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 17.12.2023 во 02.30 часот во близина на ноќен клуб во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.Н.(25) од Прилеп затоа што кај него била пронајдена и одземена прашкаста материја. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 14.12.2023 во 20.45 часот на ул.„Караорман” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.Р.(23), Е.Р.(30), двајцата од Прилеп и Г.М.(18) од Битола затоа што при преглед кај нив, кај И.Р. биле пронајдени и одземени мархуана и капсули трамадол. Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на настанот против нив ќе следува соодветна пријава. На 14.12.2023 во 00.15 часот на ул.„Карпош” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода И.Д.(18) и малолетник, двајцата од Битола, затоа што кај И.Д. била пронајдена и одземена марихуана, а кај малолетникот бил пронајден и одземен пиштол. Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава. На 13.12.2023 во 14.00 часот на ул.„Корчуланска” во Ресен, полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола го лишиле од слобода A.A.(44) од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани