АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На 16.12.2023 година во Хотел Континентал – Скопје се одржа редовно годишно и изборно собрание на Македонската спортска стрелачка федерација. На ова годишно собрание пред делегатите се даде отчет за финансиското работење на МССФ во текот на 2021 и 2022 година, извештај од надзорниот одбор на МССФ како и извештај од претседателот на МССФ Јордан Тасевски. Во текот на собранието беше приложена и програмата на МССФ за плановите во натпреварувачката 2024 година, а под точката избор на претседател бидејќи немаше пријавено друг кандидат по повикот на МССФ кој траеше од 01-20.09.2023 година од страна на делегатите на собранието повторно за втор мандат едногласно од страна на делегатите му беше доделена довербата на актуелниот претседател Јордан Тасевски.
Од страна на претседателот и новоизбраните членови на управниот одбор на МССФ беше изразена благодарност до сите присутни за довербата која ја даваат истиот МССФ да ја предводи и во наредните 4 (четири) години. Од страна на претседателот Јордан Тасевски беше истакнато дека како во изминатите 4 (четири) години од 2019 -2023 така и во наредните од 2024-2027 ќе се залага МССФ, клубовите и спортистите да ги добијат сите услови за развој на спортското стрелаштво и ќе се продолжи со набавка на нова опрема, учество на натпревари, подготовки и семинари со цел остварување на уште повисоки резултати на домашните и меѓународните натпревари. Ќе се посвети внимание за стекнување на сала за национално стрелиште и претставување на стрелаштвото како добар домаќин на Европските младински олимписки игри во јули 2025 година. Исто така се истакна дека добрата соработката со нашите поддржувачи: Агенција за млади и спорт, Олимпискиот комитет, Министерството за внатрешни работи и Армијата на Р. Македонија ќе продолжи да се одржува на високо ниво како и поддршката од страна на нашите спонзори и поддржувачи кои се во се поголем број поради доверба кон ова раководството на МССФ. На крајот од годишното и изборно собрание Претседателот на МССФ додели златни плакети по повод 75 години од формирање и постоење на Македонската спортска стрелачка федерација на членови од Управниот одбор, тренери, селектори и заслужни спортисти на кои им се заблагодари за поддршката и придонесот за популаризација и развој на македонското спортско стрелаштво.