Ноќеска после полноќ, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода З.Т.(60) од Битола, откако по наредба Основен суд Битола бил извршен претрес во неговиот дом и помошна просторија во Битола, при што се пронајдени 4080 парчиња различни пиротехнички средства-огномети и петарди.
Претходно, на 22.12.2023 во 20.30 часот на ул.„Филип Втори Македонски" во Битола, при преглед на патничкото возило „поло" со битолски регистарски ознаки, сопственост на З.Т. , беа пронајдени 2713 парчиња различни пиротехнички средства. По документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.