2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

МЗ: Здравствените установи подготвени со дежурни екипи за новогодишната ноќ, апелираме на мирно и одговорно прославување

Декември 30, 2023

Министерството за здравство информира дека сите јавно-здравствени установи во Република Северна Македонија во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита кај пациентите.
 
-Со цел избегнување на несакани последици како алкохолни труења и сообраќајни незгоди, апелираме до граѓаните да прославуваат мирно и одговорно со консумирање на алкохолни пијалоци во умерени количини и да внимаваат на прекумерното внесување храна. Спречувањето на интоксикацијата со алкохол на новогодишната ноќ е важно за здравјето на поединецот и за здравјето на најблиските. Апелираме да не се користат и разни пиротехнички средства кои може да предизвикаат тешки телесни повреди. На сите граѓани им посакуваме среќни новогодишни и божиќни празници, порачаа од Министерството за здравство
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани