2win800x200

Внимавајте на оваа измама, голем број на македонски граѓани ограбени за 500/600 евра

Јануари 08, 2024

Голем број на граѓани биле измамени од измамници кои праќаат смс порака од број со префикс +33, за наводна пратка која треба да се царини, а притоа во пораката се дава линк кој води до сајт со име mkposta.com, кој е лажен сајт.

– Вашата нарачка подлежи на царина, пишува во пораката и ве наведува да кликнете на линкот при што треба да внесете ваши лични податоци и картичка за што пишува дека ќе се наплатат 1,99 евра, но со ова на граѓаните им се крадат податоците од нивните кредитни картички и од сметките им се повлекуваат поголеми суми на пари.

Медиумите пишуваат дека на некои граѓани им биле повлечени и до 500-600 евра од нивните картички, а некои се спасиле со навремен повик до банката.

Доколку сте го направиле ова, веднаш јавете се во вашата банка за да ја блокира трансакцијата.

За случајот веќе алармираа дел од банките, а измамата веќе е пријавена во полиција.

Извор: Центар

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани