АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од вчера почна „лицитацијата“ кој прв ќе побара да се продолжи рокот за замена на личните документи бидејќи пред пунктот без закажување на Министерството за внатрешни работи граѓаните чекаат со саати во редици – и не се гледа крајот на овој процес. Претседателот Стево Пендаровски побара рокот за вадење документи со новото име на државата да се пролонгира до септември, а од Демократскиот сојуз на Павле Трајанов бараа и подолго – да се пролонгира до крајот на оваа година.
Инаку, според податоците на Министерството за надворешни работи граѓаните најмногу се заинтересирани за промена на пасошите иако реално личните карти се посуштински за секодневното функционирање. Така, од 5 јули 2021 година, кога почнаа да се издаваат документи со името Република Северна Македонија до 31 декември 2023 година сменети се 1.169.463 патни испрати, 1.007.885 лични карти и 529.799 возачки дозволи.