2win800x200

ОБЈАВЕН ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПОДДРШКА НА СОВЕТИТЕ НА ОПШТИНА БИТОЛА

Јануари 11, 2024
Општина Битола објави Јавен повик за прибирање понуди за финансиска поддршка на програми и проекти на Советите на Општина Битола и тоа:
• Совет за превенција на детско престапништво,
Совет за социјална заштита,
• Совет за превенција,
• ЛЕСС,
• Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и
• Совет за заштита на потрошувачи.
Проектите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2024 година согласно Програмата за остварување на социјална заштита на Општина Битола за 2024 година.
Документацијата се доставува во архива или по пошта на адреса: Општина Битола, Сектор за економски развој, јавни дејности и ИТ; Булевар „1-ви Мај“ бр.61; (со назнака – Пријава за јавен повик за социјална заштита) во рок од 6 дена од денот на објавување на овој повик заклучно со 18.01.2024.
Повеќе информации за повикот достапни се на следниот линк https://www.bitola.gov.mk/javen-povik-poddrska-soveti/.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани