2win800x200

Ноќеска бил почувствуван земјотрес во Битола, епицентарот во Преспа

Јануари 12, 2024
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 12.01.2024 година во 00 часот и 32 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 120 km јужно од Скопје, во епицентралното подрачје Преспа, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала. Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани