2win800x200

Битолската полиција привела бегалец за извршување казна затвор

Февруари 04, 2024
 
На 03.02.2024 во 14.20 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Т.М.(48) од Битола. Тој бил баран со судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Битола за издржување на казната. 
 
На 03.02.2024 во 16.40 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.К.(26) од Битола. Тој се сомничи дека околу 07.00 часот со остар предмет го нападнал Т.М. од Битола во неговото дворно место. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 03.02.2024 во 11.00 часот во СВР Битола било пријавено дека О.Ш.(23) и  В.Д.(40), двајцата од Битола, го нарушувале јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По документирање на настанот против лицата ќе следува соодветен поднесок. 

На 04.02.2024 во 04.15 часот во СВР Битола било пријавено дека во с.Дихово, битолско, настанал пожар во помошна просторија, сопственост на Б.Т.. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид ќе се врши во текот на денот.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани