
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Планинарката Ана Котевска од Битола, откако во 2022 година го искачи врвот Чимборазо, кој е најодалечената точка од центарот на земјата и се наоѓа на 6263 метри надморска височина, одговори на нов предизвик.
Таа заедно со уште двајца планинари го искачија највисокиот врв во Африка, Ухуру на Килиманџаро, кој е висок 5.895 метри надморска височина.
Ана објави и фотографии од нејзиниот нов успех. Дека е вљубеник во планината и го сака адреналинот покажуваат и нејзините фотографии на Инстаграм од најубавите зајдисонца од Пелистер и други планини на кои често планинари.
Битолчанката досега има искачено четири врвови на Еквадорските Анди.
Извор zenskimagazin.mk