2win800x200

КОЊАНОВСКИ-НИКОГАШ НЕ СУМ КОРИСТЕЛ УГОСТИТЕЛСКИ УСЛУГИ ВО НАВЕДЕНАТА СУМА, СДСМ СЕ ОБИДУВА ДА МАНИПУЛИРА СО ЈАВНОСТА

Февруари 07, 2024
Демант  на градоначалникот Тони Коњановски на обвинувањата на СДСМ 
 
Општина Битола, во континуитет, над 10 години спроведува постапки за јавни набавки на хотелски, угостителски и ресторански услуги, за кои, градоначалниците се обврзани предвидените средства да ги користат само за потребите на општината и реализација на проектни активности, согласно општинските програми.
СДСМ, продолжува да покажува незнаење и да врши манипулација на јавноста, злоупотребувајќи ги јавно достапните податоци преку системот за јавни набавки, сакајќи да прикажат лажна сума на потрошени средства од страна на општината за хотелски, угостителски и ресторански услуги.
Во интерес на јавноста и мојата транспарентност, а пред се одговорност пред граѓаните, морам да информирам дека, за организација на спортски манифестации, културни настани, проектни состаноци и гостувања на делегации сум одобрил користење на споменатите услуги во 2022 во вкупен износ од 2.900.000 денари, а за 2023 година, кои договори се на важност до месец јули годинава, планирани се 3.000.000 денари. За оваа намена, како рамковна спогодба, склучени се договори со повеќе економски оператори, во 6 делови.
Сумата од 5.900.000 е всушност сума која би се реализирала во речиси 3 години мандат на оваа локална самоуправа и изнесува скоро половина од вредноста со која манипулира СДСМ.
За да бидат посилни во нападите, локалните опозиционери, наместо вредностите на склучените договори, ги собрале сумите на проценетата вредност од секоја обновена постапка. Ова е навистина група манипулација со јавно достапни информации.
Очекувам доблест и извинување од страна на СДСМ, за обидот за залажување на граѓаните и лажното толкување на податоците, за чија реализација, стојам на располагање на секој заинтересиран субјект.
Наменското управување со буџетските средства е главниот начин на работа кој го применува оваа локална самоуправа и се надевам ќе остане и пример во идното функционирање на општината.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани