2win800x200

Илиевска не одговора зошто не ги стави на седница на Совет предложените проекти од Коњановски

Февруари 07, 2024

Претседателката на Совет, Габриела Илиевска не одговори на поставеното прашање - Зошто точките за проектите за велопатеките и за „Парк“  предложени од градоначалникот Тони Коњановски не се поставени на дневен ред на најавената седница на Совет? На вчера испратените прашања на мајл од наша страна, Илиевска не одговори и ја потврди нејзината нетранспарентност и селективност кон новинарите.   

Новата 37 седница на Советот е закажана за 12 февруари, а на дневен ред не се точките што ги побара градоначалникот неколку дена претходно.

„Пред нас се одлуки за реализација на два проекти, кои што беа предмет на дискусија и барања од сите советнички групи во изминатата година, овој пат со конкретна можност за реализација – велосипедските патеки и објектот на поранешниот ресторан „Парк““, рече Коњановски со напомена дека од Министерството за култура добиена е поддршка од околу 147.000 евра, од потребните околу 800.000 евра, со кои понатаму, со кофинансирање од општината ќе се добие конечниот лик на објектот „Парк“ и ќе се заокружи целината на Офицерскиот дом, како една од главите обележја на градот.

„Сепак, за успешна реализација на овој проект, мора да се направат неопходни измени во Програмата за развојни планови 2024-2026 година, од каде што ќе се до обезбедат средства за кофинансирање на проектот за реконструкција на објектот „Парк“, рече првично Коњановски.

Откако седницата се закажа и се објави дневниот ред Коњановски обвини дека Илиевска игра „игри на надмудрување“.

„По поднесената иницијатива за седница на Советот, повторно се враќаме на почетокот на новите игри на надмудрување, во кои никој од нас не е победник, а граѓаните на Битола можат да бидат само губитници“, рече Коњановски додавајќи дека имал „доблест и да се извинам во насока на подобра функционалност, но НЕ и да работам на штета на граѓаните на општина Битола.“

„Дали со тоа што овие две точки не се ставени на дневен ред, значи дека битолчани не заслужуваат да имаат велосипедски патеки и реконструиран објект „Парк“?

Дали тоа значи дека одбиваме средства од донатори, во конкретниот случај од Министерството за култура за објектот „Парк“ и од ЕУ преку проектот Smart4you2 за велосипедските патеки?

Дали претседателката на Советот, испраќа јасен сигнал до донаторите, сеедно дали се домашни или меѓународни, дека не се добредојдени во Битола и дека нивните средства не се значајни за развој на Битола, а со тоа и за создавање подобри услови за живот на битолчани?“, обвинува Коњановски и вели дека претседателката на Советот грубо го крши член 54 од Деловникот за работа на Советот.

А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани