Општина Битола, продолжува да работи транспарентно и отворено во интерес на граѓаните, а Претседателката на Советот Габриела Илиевска, настојува преку манипулации да навлегува во области кои се надвор од надлежностите на Советот на општина Битола, обвинува градоначалникот Тони Коњановски.
Незаконски и неделовнички, се обидува да биде и внатрешен и државен ревизор и обвинител, но пред се лице кое ја уништува иднината на Битола од повеќе
аспекти. Како градоначалник стојам на располагање за секаков вид ревизии и истражни постапки, ако тоа е во интерес на Битола, но секако спроведени од надлежни институции, а не од незаконски формирани комисии, кои немаат надлежност да вршат ревизија.
Како претходен советник и сегашен градоначалник, морам да напоменам дека комисиите составени од советници од сите политички партии имаат можност да разгледуваат квартални извештаи, извештаи за реализација на програми и на крај завршна сметка на општината. Доколку има некаков сомнеж, Советот има право да не ги усвојува наведените извештаи. Ревизија во институцијата, како на исплатата на средствата, така и на спроведувањето на постапките, врши внатрешен ревизор и Државен завод за ревизија.
Додека, како локална самоуправа и покрај сите намерно поставени препреки, имаме резултати и реализација, се надевам претседателката ќе има доволно време да ги научи свооите надлежности, наместо својата неспособност, да ја крие зад лажна транспарентност, објави Коњановски.