ЕУ ќе го суспендира проектот во кој се опфатени и велопатеките за Битола

Февруари 12, 2024
 
Европската делегација најавила дека ќе го суспендира целиот прокет Smart4You2 во кој се опфатени и велопатеките за Битола. Денеска на Совет не помина предлогот да се расправа за велопатеките и целиот проекет. За прокетот гласаа 13 советници од ВМРО ДПМНЕ и советничката на ДОМ, додека сите останати СДСМ, ПОИНАКУ, ДУИ и Левица беа воздржани. 
 
Градоначалникот Тони Коњановски пред советниците образложи:
 
Уште кога се подготвуваше дневниот ред за оваа седница, до претседателката на Советот, поднесов иницијатива за поставување на две точки на дневен ред и тоа:
1. Измена во Програмата за развојни планови во период 2024-2026
2. Одлука за изменување на Одлуката за согласност и кофинансирање на проектот Smart4You2
Не знам од кои причини, но точките не беа поставени на дневен ред.
Денес, повторно поднесувам иницијатива за ставање на дневен ред на овие две точки, затоа што имаме уште појасна ситуација од минатата седница и последна можност да ги реализираме двата проекти: Реконструкција на поранешниот објект Парк и изградба на велосипедски патеки. Проекти кои се на некој начин поврзани и чија реализација мора да се одвива паралелно.
До Вас, почитувани советници, доставена е целата документација која се однесува на велосипедските патеки, од проектната подготовка до последното писмо од Делегацијата на Европската унија, од каде посебно сакам да го потенцирам следното:
„Во овој момент, сакаме да Ве информираме дека временскиот рок за плаќање е суспендиран, согласно член 15.5 (в) од Општите услови на договорот, со цел да се добијат дополнителни информации поврзани со реализацијата на проектот.
Како резултат на доцнењата поврзани со активноста „Изградба на систем за велосипедски патеки“, прекуграничниот углед на проектот е сериозно нарушен. Оваа активност е една од најголемите активности во проектот (33% од вкупниот буџет) и треба да ја спроведе општината. Доколку не се спроведе, постои голем ризик проектот да не ги постигне своите индикатори и најпосле планираното влијание. ЕУ Делегацијата (ЕУД) ја идентификува оваа ситуација како прекршување на суштинска обврска од овој договор за грант. Според тоа, ЕУД размислува за суспендирање на договорот, во согласност со чл. 11.6 (б) од Општите услови*“, стои во писмото испратено од Делегацијата до мене како градоначалник.
Сега, кога веќе имаме потпишан договор со Министерството за култура за реконструкција на поранешниот ресторан „Парк“ во износ од 9.000.000 денари и обврска за дообезбедување на дополнителни средства во износ од 49.124.084 предлагам измена на развојната програма за да овозможиме реализација на проектот за „Парк“, истовремено, давајќи можност за наменско искористување на одобрените средства од Програмата за прекугранична соработка за проектот Smart4you2 и изградба на вело патеки, преку донесување на Одлука за измена на Одлуката за согласност и кофинансирање на проектот.
Ова е последна шанса, пред домашните и меѓународните институции, како општина да ја покажеме нашата сериозност, последна можност да извршиме измена на планот за јавни набавки, затоа што влегуваме и во предизборен период и согласно законската регулатива и законот за спречување на корупција, нашите активности ќе бидат ограничени.
Што се однесува до предистражната постапка која ја спомена Претседателката на Советот, прво Ве уверувам дека не постои никакво противзаконско дејство во спроведените постапки кои се однесуваат на проектот Smart4you2, а посебно сакам да Ви укажам дека согласно Законот за локална самоуправа член 43 став 3 Членот на советот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во советот.
Накратко, согласно искажаното, барам, предложените точки да бидат поставени на дневен ред и надвор од сите партиско политички надмудрувања, да бидеме запаметени како локална самоуправа и Совет, кои преку конструктивност и соработка, овозможиле реализација на големи проекти значајни за Битола и битолчани.
Верувам дека сите ние, како битолчани, сакаме да живееме во поубава и уредена Битола. Со Вашата поддршка денес, ќе дадеме можност оваа градежна сезона да отпочнат двата големи проекти: Реконструкцијата на објектот „Парк“ и изградба на велосипедски патеки.
Во спротивно, сите ќе ги носиме последиците од своите одлуки, јас од мојата, Вие од Вашата.
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани