2win800x200

Борче Димитровски возврати на обвинувањата-Полноќни статуси и паника кај "менторот" на локалната СДСМ Битола

Февруари 12, 2024
Утрински се будам со писание без автор и потпис, објавено на страната на СДСМ Битола, полно со лаги и барање алиби за чекорите кои СДСМ ги прави последните неколку месеци со проектот Smart4you2, објави Борче Димитровски, секретар на Општина Битола, на својот Фејсбук профил по синоќешните објавувања од СДСМ Битола. 
 
Почитувани граѓани, вистината е една:
 
СДСМ како дел од новото мнозинство во Советот после денешната седница ќе биде виновна и одговорна за губење на европски средства во висина од над 500 000 евра и суспензија на проектот"Smart4you2"!
Советниците на СДСМ заедно со новото мнозинство ќе бидат единствено одговорни дека го ставаат градот во заложништво.
Советниците на СДСМ и новото мнозинство се единствените кои ќе ја носат одговорноста за своите одлуки, а не составувачот на полноќните писанија кој со својата злоба и нанесува зло на Битола и битолчани.
Почитувани граѓани, вело патеки ќе има, ама не заради СДСМ кои имаа можност тоа да го направат во периодот од 2017 до 2021, туку благодарение на градоначалникот Тони Коњановски, ВМРО ДПМНЕ и коалицијата и општинската администрација.
На фотографијата објавена како дел од полноќниот реферат на локалната СДСМ е и евроамбасадорот Дејвид Гир, потписник на анекс договорот за кој СДСМ има поднесено кривична пријава. Случајно или намерно, советниците на СДСМ нека си проверат кај "менторот"!
* Како поранешен советник во Советот на Општина Битола, очекувам на денешната седница, новото мнозинство да ги стави точките за вело патеките и поранешниот ресторан Парк на дневен ред и ставовите на полноќното писание составено од "менторот" да ги соочат на говорница и на комисиските расправи, демократски, транспарентно и отчетно, а не кукавички да се кријат зад полноќни писанија!, објави Борче Димитровски. 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани