СДСМ Битола со обвинувања пред денешната седница на Совет-КОЖАТА НА КОЊАНОВСКИ И НА ДИМИТРОВСКИ “ПОСКАПА” И ОД ПАРК И ОД ВЕЛОПАТЕКИ!?

Февруари 12, 2024
Притисоците и заканите кон советниците во Советот на Општина Битола кои десет месеци ги вршат градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и секретарот на Општина Битола, Борче Димитровски кулминираа во пресрет на седницата на Советот на Општина Битола закажана за утре во 10 часот!, објави СДСМ Битола.
 
10 месеци Коњановски и Димитровски се лажат себеси, ги лажат европските партнери, ги лажат партнерите на Општина Битола во проектот Smart4you2, ги лажат битолчани!
Велосипедските патеки Коњановски може да ги почне веднаш!!! Годинава има 5.000.000 денари за таа намена во буџетот на Општина Битола!
Поранешен Парк, Коњановски може да започне да го реновира уште утре. Министерката за култура и потпретседател на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска обезбеди пари.
Вистината е дека Коњановски нема ништо да направи! Како што не направи училиште, стационар, Копанки, спортски комплекс...
“Вистината е шило и кога - тогаш ќе излезе на виделина” е легендарната изјава на поранешниот лидер на ВМРО – ДПМНЕ и партиски другар на Тони Коњановски и Борче Димитровски! И таа изјава сега виси над главите на Коњановски и Димитровски како што виси стиропорот од зградите на Скопје 2014! Вистината за Парк и за велопатеките е долга и широка и ќе излезе на виделина!
На виделина ќе излезе дека Коњановски и Димитровски се творци на скандал од меѓународни размери во кои се вплеткаа не само себеси, туку и сите околу нив кои со месеци ги убедуваа дека може да работат спротивно на закон, како што тие ќе си замислат, а во меѓувреме дебело да наплаќаат од ЕУ!
Сега, дојде моментот да се затвори и оваа чешма оти никој не е будала да дава пари за џабе, без разлика колку е пријател со едниот или другиот, по партиска или некаква друга линија!
Дојде време за одговорност. А, Коњановски и Димитровски бараат од советниците во Советот на Општина Битола да им го покријат кривичното дело што го направија, делото со кое наплатија илјадници евра од Европската унија за ништо, делото после кое оставка е единственото нешто што од нив се очекува!
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани