Интегрален текст од објавата на градоначалникот Тони Коњановски за проектот Парк.
Почитувани граѓани,
Писмено го известив Министерството за култура и Министерката Бисера Костадиновска Стојчевска, дека, по вина на новото мнозинство во Советот составено од СДСМ и Поинаку, Општина Битола, не може да започне со реализација на Договорот за Изградба на објект на поранешен ресторан „Парк“. За да се направи измена на Планот за јавни набавки, потребно беше да се усвои предложената измена на Развојната програма – точка која Советот не ја разгледа и не ја прифати.
Крајниот рок за измена на програмите и планот беше до распишување на изборите на 14.02.2024.
Со оглед на тоа што Советот на одржаната седница на 12.02.2024, не ја стави на дневен ред предложената точка и не донесе одлука за Измена на Програмата за развојни планови, првата следна можност за измена на Програмата и Планот, ќе биде после завршувањето на парламентарните избори и формирањето на Владата, односно изведбените работи би почнале на крајот на оваа градежна сезона.
Со ова доведена е во сериозна опасност реализацијата на изградбата на објектот „Парк“, уште повеќе поради член 7 од договорот, каде јасно е наведено дека краен рок за достава на барања за исплата на средства со комплетна финансиска документација, согласно член 5 од договорот е 15.12.2024.
Со доставената документација ја известив Министерката, дека „благодарение“ на новото мнозинство на Советот, спречен сум да спроведам законска постапка за јавна набавка, со што лажни се уверувањата на јавноста дека општината можела да изврши измена на Планот за јавни набавки. Општината ЌЕ можеше доколку беше усвоена измената на Развојната програма.
Објавено од А.Б