Интегрален текст од прес конференцијата на Лидија Павловска, советник на ВМРО ДПМНЕ во битолскиот Совет.
Денес сме пред НУ Завод и Музеј Битола и поднесуваме барање за пристап до информации од јавен карактер.
Во духот на транспарентноста и европските вредности како што е и проектотот Smart4You2. По втор пат ја повикуваме директорката да одговори на следните прашања.
Кој е проектниот тим од музејот во европскиот проект Smart4You2?
Дали
вашиот сопруг е дел од проектниот тим?
Дали сметате дека не е конфликт на интереси што вашиот сопруг сте го номинирале да биде дел од проектниот тим?
Колку надворешни лица се ангажирани за имплементирање на проектот?
Дали е вистината дека во рамките на проектот сте склучувале анекс договори при реконструкцијата на Пациото?
Колку чини реконструкцијата на Пациото?
Директорке сега нема каде да бегате и да се криете во рок од 15 дена јавноста ги чека одговорите на овие прашања!
Објавено од А.Б