2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

2023 година богата со активности - Прифатени извештаите за работа на Здружението на пензионери од Битола

Февруари 23, 2024

Собранието на Здружението на пензионери од Битола на својата шеста седница одржана на 22.02.2024 година ги усвои Извештaјот за работа, Финансискиот извештај и Извештајот на Надзорниот одбор за 2023 годаина. Седницата ја отвори и раководеше со неа заменик претседателката на Собранието на ЗП Битола, Вера Ѓоршевска.

Претседателката на Извршниот одбор Даница Пеличкова во своето излагање се осврна на сите активности од минатата година во позитивна и оправдана конотација кои беа општо прифатени и донесени од сите органи на Здружението.

,,Во текот на 2023 година ЗП - Битола преку свои преставници во СЗПМ учествуваше во работата за измени и дополнување на Законот за пензиско инвалидско осигурување во делот на определување минимална пензија, предлози и начини за зголемувањето на ниските пензии, измени и дполнувања на позитивната листа на лекови, укинување на партиципацијата за амбулантско и болничко лекување како и набавка на ортопедски помагала и друго“, истакна Петличкова.

4f436b85 c44a 4fe4 880e c1e5767af074

Хуманитарна и социјална дејност

Со оглед на економската состојба во државата, а во согласност со Правила за доделување на хуманитарна помош и Одлуката на Извршниот одбор доделени беа 1000 ваучери на пензионери со ниски пензии до 14.000 денари.

Со помош на ОО „Црвен Крст“ Битола и претседателите на месните ограноци, беа додели 315 пакети со прехрамбени производи, по повод верските празници, на пензионери со ниски пензии од урбаните и руралните месни ограноци.

-При набавка на огревно дрво Здружението во 2023 год.заедно со претседателите на месните ограноци успешно реализира набавка на 6000 просторини метра дрва за 1300 пензионери. Плаќањето се вршеше на 5 рати.

-ЗП посредуваше и во набавка на прехрамбени продукти: месо (свински полутки) и млечни производи по пониска цена со плаќање на повеке рати.

-На ученици од Центарот за поддршка на учењето на деца со попреченост во ОУ „Ѓорги Сугарев“ Битола по повод Новогодишните и Божиќните празници им беа доделени новогодишни пакетчиња.

-Доделена беше донација од 100 постелнини во Домот за стари лица „Сју Рајдер“.

-Согласно програмата за работа во 2023 год. се продолжи со договорите со две битолски лабаратории за испитување на крвна слика за три параметри (триглицериди, холестерол и гликемија) како и мерење на крвен притисок. Услугата ја искористија 2891 пензионер.

-Здружението на пензионери Битола аплицираше по програмта за Социјална заштита на Општина Битола за 2023 година со проектот „Грижа за здравјето на стари лица“ и доби минимално 10.000 ден кои ги намени за одржување на часови со вежби „пилатес“ за возрасни лица со специјалист физијатар.

-Успешно реализиран беше проектот за бесплатно мерење на притисок во очите и шеќер во крвта на пензионерите од ЗП - Битола, согласно склучениот меморандум за соработка со СЗПМ со специјализираната болница „Промедика офталмологија“ Скопје. 150 пензионери ги искористија овие услуги.

-Согласно Правилникот за организација за здраство и здраствена заштита на корисниците на пензија, пензионерите имаа право на паричен надоместок за заболувања од потешки болести и операции, во зависност од висината на пензијата. Комисијата за здраство донесе 37 позитивни решенија

43a8d78f 2c7e 4dd4 9d21 051f64d2e729

За пензионерите – спортисти 2023 година беше многу успешна

Во Ресен на XXVII Регионални спртски игри на пензионери организирани од СЗПМ Здружението на пензионери Битола освои десет први места и стана екипен победник на регионалните спортските игри во третиот регион.

-Во Брвеница - Тетовско се одржаа XXVII Републички спртски игри на пензионерите организирани од СЗПМ, каде Здружението на пензионери Битола учествуваше со 18 спрортисти и три судии. Освои 5 први места и две втори.

-Битолските пензионери учествуваа на Меморијалниот турнир во фудбал „Валентин Стефановски 2023“ во Демир Хисар и постигнаа најдобари резултати.

Други активности

-Започнатите активности околу изготвување на социјалната карта на пензионерите на ЗП – Битола која започна минатата година во 2023 година се заврши повеке од 99%, како и внесувањето на податоците во програмата наменета за таа цел е при крај.

-Соработката со Универзитетската библиотека ,, Св. Климент Охридски“ Битола продолжи и во 2023 год, па пензионерите имаа право без членарина да читаат книги. 78 пензионери ја искористија оваа поволност.

-Пензионерите минатата година имаа 10 % пониска цена за бањско лекување во Негорски Бањи. 70 пензионери ја искористија оваа поволност

Дигитално описменување на пензионери

Здружението на пензионери Битола во август склучи Меморандум за соработка со Здружение на професионални консултанти „Подготвеност за Европа“ - Скопје, каде се утврдија активностите што треба да се остварат во проектот „Заедно сме посилни во дигиталниот свет“. Проектот го спроведуваат Здружението „Подготвеност за Европа“ во соработка со Црвен крст на Република Северна Македонија, а финансиски поддржан од Европска Унија. 30 пензионери добија сертификати за успешно реализираниот проект.

Едукативни работилници со отсекот за превенција на СВР Битола

Одржана беше едукативна работилница со пензионерите во врска со мерките за заштита и самозаштита од разбојништва, кражби, џебни и дрски кражби, измами при купување на огревно дрва, лажни сообраќајни незгоди, измами преку телоефон и други важни совети кои ќе им користат да се самозаштитат.

Еколошки активности

Денот на пролетта беше одбележан со еколошка акција чистејќи неколку локации низ градот. Од уличен смет го исчистија просторот околу ОУ ,,Климент Охридски“, улиците „Игњат Атанасовски“, „ЈНА“, „Смилевски конгрес“, делови од Буковска населба, околу Безистенот и други места.

Културно забавниот живот на пензионерите

Во 2023 година целосно се реализираа планираните програмски активности за еднодневните пролетни и есенсккои екскурзиии организирани од претседателите на месните ограноци. Дури 2954 пензионери ги искоритија рекреативните прошетки низ Република Северна Македонија. Беше организирана и екскурзија во Херцег Нови, Црна Гора, на денот на „Фестивалот на мимозите“ и посета на манастирот Острог.

Со учеството на Регионалната ревија на песни и игри во Крушево, под покровителство на СЗПМ, како и на Републичката ревија на песни и игри во Кочани, ЗП Битола со пеачката група „Сирма Војвода“ и дуетот на Лидија и Борче Дуковски забележа голем успех.  

Беа дел од Петтиот меѓународен и регионален фестивал на хорови и пеачки групи во Куманово. По покана од ТВ Сител учестуваа и во музичката емисија „Мерак меана“.

Пеачката група „Сирма Војвода“ во текот на цела година присуствуваше на традиционалните манифестации во организација на Општина Битола-  „Илинденските денови“ „Локумфест“, одржа новогодишен концерт во Домовите за за стари лица „Софија“ и ,,Сју Рајдер“- Битола

Секцијата на жени

Светскиот ден на стари лица 1.Октомври Секцијата на жени од Здружението на пензионери Битола, Новаци и Могила го одбележа скромно, со посета на старите лица сместени во Домот„Сју Рајдер“ Битола донирајќи сезонско овошје.

Секцијата на жени учествуваше на организираниот натпреварувачки настан „Баницата на баба“ во Македонска Каменица каде освоија второ место.

Во соработка со Комисијата за забава и култура организираа еднодневна екскурзија по повод Голема Богородица во с. Скребатно, средби со секцијата на жени од Лозово по повод празникот ,,Св. Петка“,- Петковден средби и дружења за празникот 8. Март , прослави по повод Нова и Стара нова година.

Активности на управните тела                                                      

Во текот на извештајниот период Собранието одржа три редовни седници каде беа разгледувани и донесени одлуки за Извештајот за работата на Здружението за 2022год., Извештај oд Пoписната комисија за 2022год., Завршната сметка за 2022 год., Извештај за работата на Надзорниот одбор за 2022 год.,Полугодишен извештај за финансиското работење на од 01.01.2023- 30.06.2023 год.,Програма за работа на Здружението на пензионери Битола за 2024 година.Финансов план на Зружението на пензионери Битола за 2024год.,Програма за работа на Надзорниот одбор за 2024год.

Извршниот одбор одржа 11 седници на кои се разгледувани прашања и донесени повеке одлуки за тековното работење на Здружението.Надзорниот одбор оцени дела целокупното материјално финансиско работење за 2023 година на органите и телата на Здружението беше согласно статутот на ЗП, деловникот за работаа и Законот за здруженија и фондации.Успешно и позитвно беше оценета и работата на комисиите што работат при Здружението и стручната служба .

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани