2win800x200

Санкциониран полицаец од СВР-Битола, уништил документи на МВР

Февруари 27, 2024

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал, поднесе кривична пријава против З.Н., полициски службеник во Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање или уништување службен печат или спис“, казниво по член 390 од Кривичниот законик.На 20.02.2024 во гаражата на ОВР Крушево, каде што биле одложени на чување службени материјали за чување во картонски кутии, зел дел од кутиите со службени материјали, меѓу кои имало и документи со одреден степен на класификација, и ги фрлил во приколка на Ј.П. „Комуна“, која во тој момент вршела редовно подигање на смет, со што уништил книги или спис што му припаѓаат на државен орган ОВР Крушево.

 

Објавено од А.Б

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани