АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со одлука на Универзитетскиот сенат, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, во соработка со Бугарската академија за национална безбедност, во својата понуда ќе вклучи и краткотрајна интердисциплинарна програма за стручно и професионално усовршување за сајбер безбедност. Обуката ќе се изведува на македонски и на англиски јазик со академски кадри од најмалку три единици на УКЛО, а преку партнерството со Бугарската академија за национална безбедност ќе се вклучат бугарски, но и израелски специјалисти од Центарот за сајбер иновации (Cyber Innovation Center – Israel), Израелското биро за заштита на децата (Israeli Child Protection Bureau) и со поддршка на Националниот сајбер директорат од Израел (Israel National Cyber Directorate).
Објавено од А.Б