2win800x200

Здравковска со обвинувања-"Тивкиот" Драган Крајовски неуспешно се евакуираше во Електростопанство на Македонија

Февруари 28, 2024
Интегрален текст од прес конференција на ОК на ВМРО ДПМНЕ Битола-портпарол  Ангела Здравковска. 
 
 
Претседателот на битолската СДС, "тивкиот" Драган Крајовски неуспешно се евакуираше во Електростопанство на Македонија.
Логично, после пропадната евакуација единствена и последна шанса му остана
внатрепартиската борба за пратеници, која свој драматичен развој имала минатиот викенд во хотелот Молика.
Заради очајната состојба на СДС, генералниот секретар Зечевиќ, наместо изборен, формирал "кризен штаб" во Битола.
Ситуацијата покрај неуспешната евакуација на Драган Крајовски, дополнително ја влошила поделбата на пратеничките места.
За жал, ниту долгото состанчење, ниту виски и кубански пури, ниту напорите на Зечевиќ, не помогнале да се надмине распадот.
Единствено што му останува на генералниот секретар, видно незадоволен ги напуштил битолски сопартијци, свесен дека било каква промена во СДС не може да ги спаси од големиот пораз.
Никогаш не било полошо!
Важно е заедно да ги поразиме!
Важно е државата повторно да биде на граѓаните !
 
 
Објавено од А.Б
 
 
 
 
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани