Ункатните личности, пишуваат уникатни книги. „Структурата на моќта во Битола“ е единствено вакво дело кое дава неповторлив систематски поглед врз односот на системот и поединецот и трансферот на моќ.
„Целта на ова дело беше да се обиде да направи истражување за моќните поединци во Битола, кои во периодот 2011-2014 година оставаат свој печат и обележје во стопанскиот и политичкиот живот во градот“ – вели Цветановски.
„Според резултатите од истражувањето кое беше вршено заради одбраната на истоимената докторска теза – нагласува тој – утврдено е дека во Битола, како локална заедница, политиката се уште доминира во сферата на одлучувањето, со тенденција економските моќници полека да се осамостојуваат во однос на политичките партии, кои сепак, доминираат во власта. Тоа е суштински различно од она што се случувало во Атланта, каде доминирале економските моќници, а политичарите во најголем дел ги застапувале и остварувале интересите на економските моќници“.
Вечерва во 20.00 ч. Офицерски дом - Свечена сала
Објавено од А.Б