АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Утринава, во училишниот двор на подрачното училиште „Тодор Ангелевски“ во населбата Горно Оризари, учениците од прво до деветто одделение, во организација на нивните наставници, имаа одличен настан со кој го одбележаа Денот на шегата.
- За првпат оваа година, нашето подрачно училиште одлучи да организира настан од поголеми размери. Целта ни беше да го одбележиме Денот на шегата онака како што доликува: со смеа, забава, песна, маски и дружење. Настанот беше во организација на сите наставници од ова подрачно училиште и сум благодарен што сите активно се вклучија во негова организација - рече Благоја Трајковски, раководител на подрачното училиште во Горно Оризари.
Во училишниот двор имаше различни креативни маски од принцези, пеперутки, музички ноти, шеици, каубојци, како и други групни интересни маски, а продефилираа и неколку интересни групни маски, а за изборот на најдобрите се погрижи шестчлена жири-комисија составена од наставници по ФЗО, ликовно и музичко образование.
- Се надевам дека овој настан во иднина ќе стане еден вид на традиција која ќе се одржува во годините што претстојат, а јас ќе настојувам на тоа. Вреди да се види насмевката и радоста на лицата на децата, како и на нивните родители за кои верувам дека вложуваат многу труд за да ги исполнат желбите на децата за тие да продефилираат со различни маски. Од наредната година ќе имаме и посебни индивидуални категории за најдобри маски, а оваа година одлучивме да ги наградиме сите одделенија и ученици како еден почеток на оваа убава традиција - додаде раководителот Трајковски.