2win800x200

ЗАЈАКНУВАЊЕ НА КАПАЦИТЕТИТЕ НА ОПШТИНИТЕ ЗА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА ЕУ ПРОЕКТИ

Јуни 08, 2024

Во организација на Програмата „ЕУ за општините“ беа доделени 16 сертификати на вработени во дел од единиците на локалната самоуправа и планските региони со што истите станаа сертифицирани обучувачи за проектен менаџмент и јавни набавки според ЕУ ПРАГ правилата. Дел од 16 - те сертифицирани обучувачи на државно ниво, се и две вработени во Општина Битола, Цветанка Ристевска и Викториа Радевска, сертифицирани за проектен менаџмент и директорот на Пелагонискиот плански регион, Јосиф Балтов, сертифициран обучувач за јавни набавки според ЕУ ПРАГ правилата. Сертификатите ги додели координаторот на Програмата „ЕУ за општините“, Карл Џацинти, а во присуство на Елизабета Буова, Раководителка на центарот за обуки во Секретаријатот за европски прашања, д-р Мијалче Санта, професор на Економскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Бардул Марку, директор на SRMA проектот на УСАИД. Спроведените активности беа организирани и реализирани од страна на тим лидерот на програмата „ЕУ за општините“, д-р Клаус Рихтер и помладиот експерт за техничка помош Верче Лазарова, во соработка со експертите за проектен менаџмент Маргарита Иванова и д-р Александар Шумковски.

Со ваквото зајакнување на општинските капацитети, се подобруваат можностите за користење на Европските фондови за реализација на проекти, за кои нашата држава се уште бележи многу низок процент на искористеност.

„Проектниот менаџмент, всушност го опфаќа целиот процес од пишувањето до комплетната реализација на проектот, односно од дефинирањето на проблемот, утврдувањето на општата и специфичните цели кои сакаме да ги постигнеме, активностите кои ќе ги реализираме и секако индикаторите кои ќе ни покажат дека нашиот проект се движи во вистинска насока кон решавање на одредени проблеми во заедницата, односно дека активностите кои ги реализираме навистина ќе ја донесат посакуваната промена. Доброто познавање на процесот, овозможува сигурност и иницијативност, што е особено важно за локалните самоуправи, затоа што општините се соочуваат со мал број вработени кои можат да го носат проектниот процес од изготвувањето на проектната апликација до изготвувањето на периодичните и крајниот извештај за наменска искористеност на одобрените буџетски средства од одредена европска или меѓународна програма. Токму затоа овој процес на сертифицирање е многу важен за сите нас кои бевме дел од истиот, учествувавме во сите задолжителни модули од програмата на обуката, а постигнувањата на тестот и презентациите беа проценети и евалуирани од стручен тим во Техничката помош на „ЕУ за општините“. Солидно подготвени од исклучителни експерти во областа, сега имаме можност, со нашето знаење да им помогнеме на сите заинтересирани кои сакаат да учат и имплементираат проекти за подобрување на животот во заедницата“, изјави Цветанка Ристевска, Раководител на одделение за административни и општи работи во Општина Битола и сертифициран обучувач за проектен менаџмент.

цццц

Вклучувањето на две вработени од Општина Битола во оваа програма, беше одобрено и поттикнато од општинското раководство, кое согласно своите програмски цели се залага да ја оспособи и поддржи својата администрација во процесот на стекнување високи квалификации, знаења и вештини со кои ќе може да се испорачаат најдобри резултати за граѓаните, а општината да биде ефикасна и ефективна.

Во овој контекст е и реализацијата на проектот на градоначалникот Тони Коњановски, „Креирање политики и координација за обуки и ефикасност на општинската администрација“, како и проектот: „Европа во мојата општина“, кој има за цел воспоставување на европски практики и имплементирање на европски вредности, преку поддршка на вработените и соработка со граѓанските организации за јакнење на капацитетите, со цел аплицирање на ЕУ проекти и интензивирање на соработката со ЕУ.

Добро обучена администрација, која ќе може да го споделува своето знаење, претставува и главен предуслов за зголемување на пограничната соработка со општините од Евро регионот и користење на фондовите на ЕУ за погранична соработка.

ц1

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани