2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Поинаку ги исчисти помошните објекти на Офицерски дом

Септември 16, 2018
Јамболии, градежен шут, измет и друго ѓубре беше извадено од помошните објекти околу Офицерскиот дом во Битола при денешната еко акција на независната граѓанска иницијатива ,,Поинаку". Вклучувајќи се кон Светскиот ден на чистењето и одбележувајќи една година од основањето, од Поинаку денес одлучија да го исчистат објектот кој пред дваесетина години беше кујна од ресторанот во Офицерскиот дом. Овој помошен објект во дворот на Офицерски со години е запуштен, а несовесни граѓани го претворија во депонија. 
 
,,Да покажиме со пример дека можеме да направиме нешто корисно за нас и за нашите деца, да дадеме пример како можи да се заштити животната околина. Го одбравме центарот на градот, односно Офицерскиот дом и сметаме дека е срамота во центарот на градот да имаме ваква депонија. Ова покажува колку ни е гајле за Офицерскиот дом, кажано по битолски. Се надевавме дека досега ќе видиме барем заштитни огради на Офицерски и да нема вакви депонии", рече Габриела Илиевска од Поинаку. 
 41803373 1858971904217682 649385487353511936 n
41761504 1910553242586743 4781242591309987840 n
41799499 2242228515996943 6333644634819919872 n
41820793 1961541030596012 7011050239704432640 n
41826398 276211449659524 2931801928163655680 n41884508 1876859795715540 513464375323918336 n
41991944 2218968118348109 1890415896690688000 n
41933131 248858929155787 1391576572204417024 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани