2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Децата од Битола и Новаци ќе бидат дел од ракометната школа на капитенот Кирил Лазаров

Септември 17, 2018

Ракометната школа на прочуелниот македонски ракометар Кире Лазаров, капитенот на македонската ракометна репрезентација, почна со работа во Битола и Новаци. Школата тренинзи одржува во училишните спортски сали во општина Новаци, а во Битола во ОУ „Коле Канински“ и ОУ „Климент Охридски“. Со обуката ќе бидат опфатени деца од трето до седмо одделение кои од страна на професионалци ќе ги совладаат основите на ракометот, на тимската работа, ќе стекнат кондиција, а врз ќе се делува и едукативно и педагошки. Тренери за Битола и Новаци се дипломираните професори по физичка култура Кирил Атанасовски и Борче Марковски.

 

„Оваа школа е за сите деца кои сакаат да спортуваат, да напредуваат и да се дружат преку спортските активности. И педагошки ќе се делува врз децата. Да се трганат од таблети, телефони, компјутери и да рекреираат. Не мора да значи дека тој што ќе биде во оваа школа ќе стане ракометар, потоа може да продолжи и со други спортови во зависност од своите можности. Но, сакаме на децата да им дадеме еден правец во животот преку спортот“, рече за Апла.мк тренерот Кирил Атанасовски.

Ракометната школа „Кирил Лазаров 7“ за првпат се отвора во Битола и Новаци. Со тоа овие две пелагониски општини се приклучуваат кон дванаесетина македонски градови каде школата ја има раширено својата мрежа, а тоа се Скопје, Свети Николе, Куманово и други. Очекувањата на тренерите Атанасовски и Марковски се дека отварањето на школата на капитенот во Битола ќе биде од големо значење за откривање на таленти, со оглед на огромното ракометно искуство кое го има Лазаров, тие велат дека проектот наидува во право време и во Битола, потсетувајќи дека Пелистер е клубот од каде Кире почна да ја освојува ракометна Европа. За Битола оваа школа е допста важна зашто од секогаш бил град на ракометот во Македонија. 

Мисијата на ракометната школа „Кирил Лазаров 7“ е во тренинзите да ги вклчи и децата од руралните средини, кои ретко се вклучени во други спортови освен фудбалот.

„Во повеќето рурални средини децата не беа опфатени со ракометот. Ете во Новаци освен фудбал, дури спортови немало. Тука е и околното село Логоварди, па и од таму запишуваме деца, тие со тренинг ќе започнат од октомври“, велат од школата „Кирил Лазаров 7“.

Сите заинтересирани родители и ученици повеќе информации за школата и за уписите можат да најдат на нивната Интернет страница www.kl7.mk41911063 1111236959001285 418264118810640384 n

41961414 306742316784467 753841806411563008 n

41928415 248770149164985 6310922170469974016 n

42045373 1473357726130023 5123951908897161216 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани