АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Со средства од Центарот за развој на Пелагонискиот Регион отпочната е четвртата фаза од партерното уредување на коритото на река Шемница во вредност од 2.710.921 денари, објави градоначалничката на Општина Могила Јасмина Гулевска.
Со почетокот на нејзиниот мандат започнати се инфраструктурни проекти за изградба на патишта, израмнување на полските патишта, нови краци за водовод и канализација во повеќе населени места во општината.
-Економскиот развој на општина Могила и понатаму ќе продолжи со несмалено темпо, а со тоа и инвестициите во инфраструктурата и подобрувањето на условите за живот, вели Гулевска.