Социјалдемократот Петар Велјановски е избран за нов претседател на ОО на СДСМ во Општина Новаци.
Велјановски, претходно беше секретар на општинската организација, но сега со одлука на претседателот на СДСМ Венко Филипче доби мандат да застане на чело на партијата во Општина Новаци. Вејчановски синоќа успеа да ги избре новите членови на Извршниот и Надзорниот одбор на партијата.
- Не' чека тешка борба, но со јасна визија и цел, исправени пред многубројните предизвици, со чесен пристап кон секој наш член и граѓанин можеме да успееме!
И ќе успееме! Доволно сме поучени од грешките од минатото и во никој случај не смееме да ги повторуваме. Со нова енергија, со чесност, правичност и вистински луѓе со авторитет, повторно ќе ја вратиме довербата кај секој еден наш член и граѓанин.
Вратите на СДСМ Новаци се отворени за секој еден добронамерен член и граѓанин кој ќе се предводи од партиските интереси“, објави Велјановски.
Тој вели дека како претседател нема да дозволи - „Никој повеќе да си поигрува со општинската, да ја злоупотребува и користи за лични интереси и цели!
Да ги тргнеме суетите и недоразбирањата. Да се обединиме околу нашата единствена цел, а тоа е победа на престојните локални избори.
Има надеж за СДСМ Новаци!“ , пишува Велјановски