
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полициските службеници од Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (19.02.2025) продолжија со засилените сообраќајни контроли на патиштата. Притоа, вкупно беа издадени 116 платни налози за сторени сообраќајни прекршоци по различни основи согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, а наплатени се 35 платни налози.
Според статистичките показатели од 380 вкупно исконтролирани возила и возачи,прекршоците по основ на пречекорување на брзината на движење повторно предничат така што евидентирани се вкупно 42 прекршоци, притоа откриени возачи што управувале возило без возачка дозвола –14, како и возачи кои што управувале возила под дејство на алкохол-2. Покрај ова изречени се и 6 платни налози по основ на некористење сигурносен појас, потоа 7 – по основ на говорење на мобилен телефон при возење, откриени се и 17 непрописно паркирани возила, 7 прекршоци за управување на нерегистрирани возила.
Сообраќајните контроли на СВР Битола продолжуваат и во наредниот период при што апелираме до возачите и пешаците да ги почитуваа сообраќајните правила и прописи.