2win800x200

ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА НОВ ПАРК ВО „ОБЛАСТА“

Февруари 27, 2025

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, советникот Бојан Бојкоски и претставници од општинската администрација, денес извршија увид на почетокот на работните активности за изградба на новиот парк во м.в „Областа“. Жителите на овој дел на градот, ќе добијат нов простор за спортско рекреативни активности на површина од 550 м² кој вклучува поставување на урбана опрема и изградба на 3 игралишта: мало фудбалско, кошаркарско и игралиште за деца. Вкупната вредност на овој проект изнесува 2.499.240 денари.

Во овој дел на Битола, се реконструира и улицата „Нико Фундали“, проект со кој опфатена е мешовита канализација, водоводната мрежа и целосна реконструкција на постоечката коловозна лента со реконструкција на тротоарите.

Вкупно предвидени средства за реализација на овој проект се 12.628.225,00 денари, од кои за коловоз 7.506.051,00 денари, за водовод 2.443.398,00 денари и за мешовита канализација 2.678.776,00 денари.

Со комплетирањето на двата проекти, ќе се овозможи заокружување на една целина од инфраструктурни проекти кои значително ќе ги подобрат условите за граѓаните во овој дел на Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани