2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Да се обезбедат редовни линии и превоз за ученците, побараа родителите на учениците од пограничните села

Октомври 05, 2018

Родители на ученици од пограничните битолски села утрово се сообраа во Гермијан и побараа да се реши проблемот со бесплатниот школски превоз. Во спротивно, рекоа дека преку социјалните мрежи ќе се договореле од цела Битола никој да не оди на училиште.

 

„Собрани сме сите родители кои ни учат децата во средно улчилиште. Се соочуваме со голем проблем. Досега имаше бесплатен задолжителен превоз. Никој не ни најави дека се прекинува. Ние се пожаливме во Општина Новаци. Ни велат ингеренции има Општина Битола. Децата не ни одат на училиште три дена. Спремни сме ако не се реши овој превоз од цела Битола преку мрежите ќе се договориме никој да не оди на улчилиште. До ова село нема ни редовна линија како што најавуваат од Општина дека ќе оделе децата со редовна линија на школо. Има редовна линија само сабајле во 7 часот ги зема наставницвите и комбето ги чека во 12 да ги врати“, рече Борче Ивановски од село Гермијан.

Жителите од пограничните села не се противат децата да им се возат со редовни автобуски линии, само бараат да се организира превоз и во селата каде не сообраќаат автобуси. Воедно, споменуваат многу високи цени кои им е кажано дека ќе треба да ги плаќаат од џеб ако не се нормализира бесплатниот школски превоз.

„Сега слушаме дека од дете ќе треба по 400 денари дневна карта да плаќаме, тоа е 8000 денари месечно, 2 деца 20 000, за една година две и пол илјади евра за школување, а бесплатно школство сме. Само за превоз толку пари немаме, а ако не го пуштиме ќе не казнат“, вели Ивановски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани