АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Раскинат е договорот меѓу Клиничката болница од Битола и фирмата „Градски паркинзи“ за стопансување со паркинг местата во кругот на Болницата. Од Клиничката болница соопштија дека во најбрз можен рок паркингот ќе го превземат во целост.
„Сакаме да ги замолиме нашите пациенти за поддршка и разбирање за метежот кој би можел да настани во следниот период со паркирање на автомобилите во дворот на болницата. Стручен тим од болницата многу бргу ќе го превземи паркингот и ќе го стави во владение со што ќе се воспостави ред со паркирањето“, соопшти портпаролката на Болницата, Сузана Конеска.
Болницата планира да го поправи и преасфалтира дворот пред установата.
Од Клиничката болница уште пред неколку месеци се пожалија на концесионерот поради неисполнување на обврските по договорот за одржување на пристапните патеки до паркинг местата во кругот на болницата.