Во Битола е во тек иницијатива и анкета за сообраќајната безбедност и можните решенија за подобрување на градот. Целта е да се намали сообраќајниот хаос преку теренски истражувања, анкети со заедницата и интервјуа со младинци, родители, наставници и општински власти. 
Ве покануваме да ни се придружите за подобро да разбереме како граѓаните ги
доживуваат ризиците поврзани со сообраќајот, кои области ги сметаат за најопасни и кои
подобрувања ги поддржуваат. Јавните консултации ќе помогнат да се идентификуваат критичните опасни зони, а врз основа на резултатите ќе се изработи стратегиски акциски план со конкретни мерки – од инфраструктура за намалување на брзината и подобрена сигнализација, до побезбедни патеки за пристап до училиштата и кампањи за подигнување на свеста.
Оваа иницијатива нема само да ги намали ризиците, туку и да ја врати довербата во
јавните простори, да го поддржи активниот транспорт и да поттикне културата на заедничка одговорност во урбаната мобилност на Битола.
Битолчани имаат можност да ја пополнат анкетата и директно да придонесат за креирање на побезбеден град.
Јане Велкоски, имплементатор на иновативната иницијатива „Решенија за безбедност во сообраќајот во Битола“, во рамките на Швајцарската програма за поддршка на изборите во Северна Македонија.

Оваа иницијатива е подготвена во рамките на Швајцарската програма за поддршка на
изборите во Северна Македонија, спроведена од Меѓународната фондација за изборни
системи (ИФЕС). Ставовите, мислењата и содржините изразени овде се исклучиво на
авторите и не ги отсликуваат неопходно ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот. Текст Јане Велкоски