
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Премиерот Христијан Мицкоски утре доаѓа во РЕК "Битола" по повод свеченото одбележување на Денот на рударите 28 август, кој се совпаѓа со големиот верски празник Голема Богородица. На свеченоста која е предвидено да се одржи пред управната зграда на ПЕ Рудници ќе присуствуваат и Сања Божиновска министер за енегетика, генералниот директор на АД ЕСМ Лазо Узунчев, генералниот директор на РЕК " Битола Тони Петрушевски, членовите на Управниот и Надзорниот одбор на АД ЕСМ, градоначалници, пртаеници и бројни гости од Пелагонискиот регион. На настанот традиционално ќе бидат доделени и благодарници на вработени во РЕК "Битола" и РЕК "Осломеј", кои покажале исклучителна посветеност, одговорност и квалитет при извршувањето на работните задачи.
А.Б