2win800x200

ПРЕСВРТ- Судот во Битола не прифати притвор за бизнисменот Марковски, ќе си седи во куќен притвор

Октомври 09, 2025

Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на Основното јавно обвинителство за определување мерка притвор за двајцата осомничени во предметот за злоупотреби со јавни набавки во РЕК Битола, туку наместо тоа им одреди куќен притвор.

ОЈО најавува жалба на одлуката. Основниот суд во Битола не го прифати предлогот на ОЈО Битола за определување мерка притвор за двајцата осомничени и наместо тоа определи мерка куќен притвор. Надлежниот јавен обвинител не се согласува со ваквата одлука, особено имајќи ги предвид ризиците од бегство на осомничените, од кои едниот има и значителен имот во друга држава. Од тие причини обвинителството ќе вложи жалба на одлуката на Судот и ќе бара мерка ефективен притвор“ соопштија од Обвинителство.

Поранешниот директор на комбинатот и четворица раководители и директори од Подружницата „Рудници“ во РЕК Битола, кои се сомничат дека во текот на 2023 година, како соизвршители, сториле продолжено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ според член 353 од Кривичниот законик.

Според доказите, осомничените свесно ги прекршиле правилата за економичност и ефикасност при јавна набавка за дислокација на погонски станици од рудникот „Осломеј“ во „Рудници“ – РЕК Битола.

Иако знаеле дека транспортот на јаглен во рудникот „Живојно“ не треба да се изведува преку континуирана технологија (со ротирачки багери и транспортни ленти), тие организирале јавна набавка што ја фаворизирала една приватна компанија — сега исто така под истрага — која станала единствен понудувач и склучила договор од кој остварила противправна имотна корист од големи размери.

Фирмата пак, преку фактури, од комбинатот незаконски наплатила над 106 милиони денари со вклучен ДДВ.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани