2win800x200

Здружението на новинари реaгира - Недозволиво е однесувањето на заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски кон новинарката Анета Блажевска

Октомври 10, 2025

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) упати писмо за загриженост и реакција до претседателот на политичката партија ПОДЕМ, Живко Јанкулоски, поради непримерниот и непрофесионален однос на социјалните мрежи кон новинарката Анета Блажевска од страна на заменик министерот за финансии и член на оваа партија, Николче Јанкуловски.

Тој на објави од онлајн медиумот Апла.мк кои се споделени на социјалните мрежи од својот профил невкусно коментира со омаловажувачки тон кон новинарката Блажевска велејќи и: ,,само напред, продолжи така. А за квалификации давање далеку си од професионално новинарство. Пријатно.”.

Сметаме дека ваквиот однос кон новинари и медиуми е недозволив, особено од страна на јавни функционери, и потсетува дека почитувањето на новинарите и нивната работа е суштински дел од демократското општество.

Потсетуваме дека почитувањето на новинарите и нивната работа е клучен елемент на демократскиот дијалог и повикува сите претставници на институциите да придонесуваат кон култура на заемна почит и професионална комуникација.

Новинарите играат важна улога во информирањето на јавноста и надгледувањето на работата на институциите, а секој обид за нивно деградирање или напад врз нивниот интегритет може да ја наруши довербата на граѓаните во демократскиот процес.

Ги охрабруваме политичките партии и институциите да промовираат отворена и конструктивна комуникација со медиумите, како дел од обврската кон транспарентност и отчетност пред јавноста.

53fa8874 6b80 4b26 b7c5 bcf498410460

 

1bf825fa 81f3 4427 82d1 7b685262284a

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани