2win800x200

ВМРО-ДПМНЕ реагира - Срамна одлука на судот, газдата на Марковски компани со стотици милиони местени тендери во РЕК наместо во затворски притвор, доби куќен притвор

Октомври 10, 2025

 

Срамна е одлука на судот газдата на Марковски компани, кој проневери стотици милиони евра со местени тендери во РЕК Битола, наместо затворски притвор, да добие само куќен притвор, реагираше денеска на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

 

– Газдата на Марковски компани е фатен инфлагранти како испумпува пари од РЕК со документи и докази, а заштитен е од судот на СДСМ и на ДУИ. Газдата на Марковски компани, кој е близок до Заев и Филипче, наплатил по 16.000 денари за час ископ со машини во РЕК. Криминалот, кој траел со години и кој заврши со испумпување на повеќе од 200 милиони евра од тендери од РЕК и ЕСМ, сега е на пат да биде амнестиран. Нема да дозволиме судството на СДСМ и на ДУИ да ги ослободува криминалците кои ја искрадоа државата – рече Манасиевски.

Тој го повика газдата на Марковски компани да каже каде завршиле милионите евра од тендерите, дали крајната дестинација биле фирми на Заеви во Бугарија и во Дубаи, дали со тие пари е финансирана СДСМ и дали со тие пари се купувани други бизниси на Заеви.

 

– Одговорноста наскоро доаѓа. Тоа што некои судии се дрзнуваат да работат по диктат на Заев и Филипче, наместо по закон, наскоро ќе биде санкционирано и ќе има одговорност за секој еден. Во наредните неколку денови ќе продолжиме со објавување на криминалите на Марковски компани, за целата јавност да се запознае како е ограбувана Македонија – рече Манасиевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани